Балкан
4. February 2016 - 12:06

Хисени: Голем број луѓе од Косово се борат во Сирија и Ирак

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени потврди дека голем број луѓе од Косово заминале да се борат во Сирија и Ирак, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Хисени нагласи дека Косово е меѓу малубројните земји, кои ги идентификувале сите лица од негова територија, кои заминале да се борат во Сирија, а Владата успеала да го контролира ширењето на екстремизмот.

Хисени ова го изјави на конферецијата „Џермиа хил“, која заврши вчера во Приштина.