Живот
20. May 2016 - 10:50

Хит на Интернет: Ова момче поради Анастасија доби единица

Еден средношколец во Србија за време на писмената работа на тема „Живот како на филм“ се  осмелил да напише само четири кратки реченици. 

Иако во нив го сумирал филмското секојдневие во Србија, каде напишал малку политика, малку за естрадата, професорката била запрепастена па го оценила со единица. 

-Мир Божји, Белград на вода, Шешељ на слобода, Анастасија се роди, ова го напишал ученикот. 

Неговата писмена е објавена на социјалните мрежи каде многумина биле воодушевени од неговиот смисол на хумор. Дури поголемиот дел од крисниците велат дека професорката требала да му стави петка за оваа пеисмена работа.