Живот
26. January 2018 - 14:43

Хит! Ова се најхрабрите младенци на светот - Вулканот кој исфрла лава не ја спречи спектакуларната венчавка

Фотографијата од венчавката на една филипинска двојка импресионираше илјадници луѓе на интернет.

Арло и Мајка, двојка од Филипини се фотографираше на терасата додека во позадината беснееше вулканот Мајон.

Повеќето коментари го поддржаа нивниот гест со констатација дека ни вулканот кој беснее не може да и застане на пат на вистинската љубов.

Венчавката се одржа на 13 јануари.

Мајон е инаку најактивниот вулкан на Филипини, а поради неодамнешните ерупции евакуирани се над 61.000 луца.

Властите го забранија приодот во зоната од осум километри од вулканот.