Loading Video...
Кошарка
3. August 2020 - 17:03

Хјустон и Бостон ги добија дерби дуелите со Милвоки и Портланд

 
 
 
Екипите на Хјустон и Бостон ги добија дерби дуелите од синоќешната програма во НБА лигата во кои за противници ги имаа тимовите на Милвоки и Портланд. 
 
Хјустон го победи тимот со најдобар „скор“ во лигата  Милвоки со 120-116 меч во кој Вестрбур постигна 31, Мидлтон 27, а Харден 24 поени за победничката, додека во поразената екипа дабл-дабл со 36 поени и 18 скокови оствари Антетокуомпо. 
 
Тејтјум со 34 и Браун со 30 поени го предводеа Бостон до триумф над Портланд со 128-124 во вториот дерби натпревар, во кој кај поразениот тим се истакна Босанецот, Нуркиќ кој на 30-те поени придодаде и 9 скокови и асистенции. 
 
Иако словенечко-летонскио тандем Дончиќ-Порзингис одиграа уште еден брилијантен натпревар, во кој заедно постигнаа 70 поени, сепак тоа не беше доволно за тимот на Далас да се радува на победа во дуелот против Феникс, кој славеше со конечни 117-115. 
 
Дончиќ средбата ја заврши со 40, а Порзингис постигна 30 поени за поразениот тим, додека во победничкиот се истакнаа Букер со 30 и Шпанецот, Рубио со 20 поени и 9 асистенции. 
 
Од останатите натпревари ја издвојуваме и победата на Сан Антонио над Мемфис со 108-106, со која „Спарси“ остануваат ви трка за место во плеј-офот.