Македонија
22. јуни 2018 - 16:12

Холандија даде зелено светло за почеток на преговори со Македонија - Макрон ќе одлучи подоцна

Холандскиот парламент даде зелено светло за почеток на преговорите на  Македонија со ЕУ, но ја блокираше Албанија, со образложение дека земјата потфрлила во секторот на борба против корупцијата и криминалот.  Од Брисел ги охрабруваат и другит скептици и кочничари на процесот на проширување  како  што се Франција и делумно Германија да го признаат напредокот на Македонија. Советникот на комесарот Хан  , Шаусбергер порача дека успешниот договор за името, не само што ќе ја врати кредибилноста на Унијата на Балканот, туку ќе значи импулс и за нови помирувања во регионот.  

Сепак, канцеларката Меркел во писмото до премиерот Заев го поздрави постигнатиот договор со Грција и најави германска поддршка.

Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и вам и на вашата влада срдечно ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи, напиша Меркел.

Во мегувреме продолжуваат расправиите мегу земјите членки за одредување на датумот на прегворите со Макеедонија, а Франција и натаму силно се противи.  Каков ќе биде конечниот збор  на престедателот Макрон ќе се знае дури на самиот на ЕУ на 29 јуни, велат  од француската амбасада. Премиерот Заев и вицепремеирката Шеќеринска се надеваат дека по позитивната одлука на Холандија и Франција ќе го омекне својот став.

Шекеринска е убедена дека Македонија ќе добие идентична поддршка за членство во НАТО ,  на   Самитот на АЛијансата кој  ќе се одржи на 11 и 12 јули.