Македонија
13. October 2015 - 17:34

Холондски искуства за исхраната на пациентите на Детската клиника

Детската клиника иако со лимитирани услови одлично ја спроведува исхраната за болните деца, истакна доктор Јани Ведер нутриционист и диетолог од Холандија при посетата на Клиниката за детски болести во Скопје. 

- Имав можност да се запознаам со нутриционисти од детската клиника и ова што го гледам е навистина добро што го правите, а соработката која ќе ја воспоставиме ќе значи и подобрување на условите, истакна Ведер.

Директорката на клиниката Аспазија Софијанова рече дека со гостинката споделиле искуства како може дополнително да се подобри исхраната кај предвремено родените новороденчињата.

- Калорискиот внес е исто толку важен колку и терапискиот пристап кон едно такво предвреме родено новороденче, истакна Софијанова.

Според Софијанова и Ведер, покрај исхраната, мајчиното млеко е клучно за раст и развој кај децата, а мајките, како штио рекоа, треба да се свесни дека доењето не може да биде заменето.

###