Хорор во Скопје: Пијан маж се заканувал дека ќе бидат истрелани ракети кон Владата

Маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави вчера во 17:40 од мобилен телефон се јавил на телефонскиот број 192 и рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР, како што се наведува во соопштението, веднаш постапила и ги презела сите оперативно тактички мерки и го пронашла мажот. Тој бил однесен во полициска станица каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“. Во текот на вчерашниот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен.
Се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
