Фудбал
9. July 2018 - 13:39

Хрватска во транс, како Оребиќ стана Ребиќ

Фудбалска еуфорија ја зафати Хрватска откако репрезентацијата на оваа земја се пласира во полуфиналето на мундијалот во Русија.
„Коцкестите“  сега ги очекува дуел со Англија и не се бира начин и средство за да се потенцира успехот или да се сврти вниманието кон себе.
Засега се чини најоригинални се жителите на општината Оребиќ на Пељешац кои наместо буквата О, залепиле слика на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ и добиле нов град - Ребиќ.