Македонија
13. September 2017 - 13:56

Хуманитарна помош за општата болница во Кочани

Општата болница во Кочани доби донација од хуманитарната организација „HIKODE“ од Австрија. Донацијата е реализирана преку здружението на граѓани „Бранител“ од Кочани и Миле Коцев, Македонец кој работи во Австрија.

- Донацијата се состои од кревети, душеци, ќебиња, ендоскоп, инвалидски колички, комоди за туширање на инвалиди, ракавици, памперси, лекови и друга медицинска опрема неопходна на болницата. Сакам да ја искажам голема благодарност до „Бранител“ од Кочани, до Миле Коцев како и до членовите на хуманитарната организација од Австрија за донацијата. Сето она што го донираа ќе биде искористено до максимум, изјави за МИА Борка Панова, директор на Општа болница од Кочани.

Шлеперот со донацијата чија вредност надминува 10.000 евра е инаку 53-ти кој е дониран во држави од Европа. Ваква помош наредниот месец преку оваа хуманитарна австриска организација ќе биде донирана во Делчево и Македонска Каменица.