Македонија
21. April 2016 - 13:35

Хуманитарна помош за тричлено кривопаланечко семејство

Младите волонтери од општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка донираа покуќнина и мебел за тричлено семејство од село Конопница.
 
Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности“ кој се спроведува од први март.
 
- Ова е финална активност од проектот. Пред две седмици организиравме хуманитарен фолклорен концерт во соработка со трите фолклорни друштва од градот, „8 Октомври“, „Фолклористи“ и „Карпош“ на кој беа собрани одреден број финансиски средства со кои според барањата на семејството купивме кревет, мини-електричен шпорет, кујнски прибор и останати прехрамбени намирници, што денес им ги доставивме, изјави Петар Ѓошевски, координатор на проектот „ЦКА-ПХВ“ во општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.
 
Останатите средства собрани од одржаните настани Црвениот крст ќе ги донира за помош на неколку други семејства од општината.