Македонија
22. January 2020 - 12:52

Хуманитарната организација Св Спас – Проектот „нов дом“ за мајката и синот започнува


„Проектот нов дом, реновирање започнува“, велат од хуманитарната организација Св Спас, кои веднаш по сторијата на Телевизија 24 најдоја начин да им помогнат на мајката и синот кои преживуваат голгота, наместо да живеат.

Од хуманитарната организацијана социјалната мрежа Фејсбук напишаа дека мајката и синот ќе бидат сместени под кирија, додека нивниот дом се направи едно прекрасно место за живеење. 

„Благодариме на сите донатори и сите луѓе кои се вклучија да помогнат. Да сте живи, здрави, господ здравје да ви дава на сите“, стои во објавата од хуманитарната организација Св. Спас.