Македонија
8. November 2019 - 16:44

И без консензус предлогот за една изборна единица во собраниска процедура

Изборниот законик влезе во собраниска процедура. 16 пратеници ставија потпис на иницијатива за една изборна единица. Паралално, поднедоа уште еден предлог-отворени листи на локалните избори. Пратеничката и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска се надева дека ќе ја добија потребната поддршка.

Владејачката партија, пак останува на своите изборни ветувања.

Опозицијата не попушта. За нив е неприфатлина една изборна единица. Но дали би прифатиле отворени листи на локални, од партијата велат допрво ќе излезат со став.

Ниту политичките партии од албанскиот политички блок не се согласдуваат со идејата за една изборна единица. Алијанса на албанците бараат 8, Беса отворени листи. Дуи се против било какви измени на изборниот модел, на 6 месеципред изборите.