Македонија
29. December 2018 - 18:32

И без прослава на отворено Охрид ги исполни сместувачките капацитети

Охрид атрактивна дестинација на Балканот за новогодишните празници.Привлечните цени ги наполнаа хотелските капацитети долж ривиерата а место повеќе се бара и во приватното сместување.Првите гости пристигнуваат во текот на денешниот ден а најбројни ќе бидат туристите од нашето опкружување. Најбарани се новогодишни аранжмани во времетраење од два до пет дена, а цената зависи од категоријата и времетраењето на престојот. Покрај хотелите забави за новогодишните празници ќе има и во рестораните, кафулињата и ноќни клубови. Тридневните аранжмани во хотелите на база полупансион чинат од стотина до 160 евра, прославата во охридските ресторани се движи од 25 до 50 евра.

А ќе се слави и во охридските кафулиња и ноќните клубови но  во поинаква атмосфера, со ди-џеј програма до раните утрински часови.

Поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски ,оваа година нема да има прослава на градскиот плоштад финансирана од локалната, хотелиерите со поделени мислења дел од нив сметаат дека забава во туристички центар мора да има додека пак останатите сметаат дека треба да се почитува одлуката на општината.

Инаку туристичката заедница прави напори сепак да има достоинствен дочек на градскиот плоштад и на туристите да им приредат новогодишна прослава.