Фудбал
26. May 2020 - 0:13

И „лавовите“ не сакаат да играат циркус-фудбал без испаѓање

Втор македонски екс-шампион јавно објави дека е против сценариото кое упорно ФФМ го турка за доигрување на сезоната во која е предвидено да нема испаѓање, иако официјално засега нема таква информација од куќата на фудбалот.
 
После Силекс, кој веќе со две соопштенија јасно порача дека не сака да игра фудбал во вакво сценарио, кое е во интерес само на два клуба, зашто нема услови за фудбал, сега и Македонија ЃП јавно порача дека не ја прифаќа идејата за која наводно мнозинство на клубови се изјасниле дека сакаат да играат по сценарио плејоф и плејаут, ама да нема испаѓање од лигата.
 
ФФМ три дена по последниот состанок на кој презентираа три сценарија, нема официјално објавена одлука за доигрувањето, иако дел од клубовите веќе од среда ќе се вратат на тренинзи според протоколот кој им беше претставен.
Вест и фото: Спорт1.мк