Македонија
8. November 2019 - 16:44

И новиот заменик во здравство од истата болница во Струга

Повторно уролог од Струга ќе биде заменик министер за здравство. Премиерот Зоран Заев доставил предлог до Собранието Арменд Арслани да го неследи неговиот сограѓанин Асим Муса кој пред неполн месец си поднесе оставка ,еден ден откако во јавноста излезе видео во кое наводно Муса бара мито за интервенција на пациент од Албанија. И новиот заменик за здравство 34 годишниот Арслани, доаѓа од заводот за Нефрологија каде по завршување на медицинскиот факултет работел како општ лекар една година, а во 2014 почнал специјализација на Клиниката за урологија во Скопје. За да седне во фотељата во здравство треба да го изгласаат мнозинство од пратениците.

Во меѓувреме ОЈО Струга сеуште го истражува случајот со претходниот заменик министер за здравство Асим Муса. Од обвинителството изјавија дека ќе побараат и меѓународна помош од Албанија за да се обезбедат оригиналните снимки  на кои се гледа како Муса зема 50 евра од пациент пред да биде направена операцијата.