Живот
20. May 2020 - 12:13

И овој петок Театар Комедија продолжува со содржини од вонредната сцена

НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена.

-Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица, информираат од Театар Комедија.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.