Живот
6. November 2017 - 15:09

И покрај негодувањето на сопругот; Оваа мајка ја дои својата 5-годишна ќерка и има силна причина за тоа

Софи Меи Лан и понатаму ја дои својата петгодишна ќерка Јасмин. Таа вели дека тоа влијане врз нивниот однос и исто така додава дека заштедила многу пари за воие години, но нејзиниот сопруг сепак не е воодушевен, бидејќи Софи постојано е исцрпена. 
 
Софи е блогерка која признала дека често се расправа со нејзиниот сопруг бидејќи тој сака да престане да ја дои ќерката бидејќи многу се исцрпува.
 
- Мајчиното млеко е хранливо, смирува а и бесплатно е, ова е ставот на мајката. 
 
Освен Јасмин, оваа мајка има и уште една ќерка која има две години, со нив спие секоја вечер за да ги нахрани.
 
Јасмин тргна во училиште минатата година и е една меѓу ретките  која и понатаму цица, мајката не се потресува поради тоа, но Софи вели дека кога ги храни децата во јавност, и станува многу непријатно бидејќи луѓето зјапаат во неа.