Живот
4. March 2016 - 12:48

И радоста може да го „скрши“ срцето

Радосни и весели случувања можат да предизвикаат синдром на „скршено срце“ еднакво како и интензивен емоционален шок по раскинувањето на љубовна врска или смрт на блиско лице, објавија научниците од Униерзитската болница во Цирих.

Во студијата објавена во списанието „The European Heart Journal“ научниците анализирале податоци на 485 пациенти од неколку земји каде бил дијагностициран „синдром на скршено срце“ (со стрес предизвикана кардиомиопатија, исто така, наречена Tako-Tsubo или ТТS), кој настанува по емоционалниот шок и утврдија дека предизвикувачи за некои од овие случаи биле среќни и радосни настани.

Затоа, таквата варијанта на скршено срце ја нарекле „синдром на среќно срце“, а таквите 485 случаи ги избрале меѓу 1.750 случаи на TTS кои можат да бидат смртоносни.

Кај други пациенти, предизвикувач на синдорм на скршено срце бил од телесна природа, потоа од телесно-емоционална природа или причината била неидентификувана.

- Ние покажавме дека предизвикувачи на TTS можат да бидат различни отколку што сме мислеле. На болеста може да и претходи и позитивна емоција, рече Јелена Гадри, коавторка на студијата.

Лекарите мораат да имаат на ум дека „пациентите донесени на итен прием со знаци на срцева криза, како што се болки во градите или чувство на недостиг на воздух настанати заради напливот на среќните емоции, можат да имаат TTS подеднакво како и пациенти кои доживеале негативен емоционален шок.

Синдромот на скршено срце или Tako-Tsubo првпат опишан е во Јапонија, од каде што е неговото име, а особено ги погодува жените по менопауза, затоа што повеќе не ги штити хормонот естроген.