Loading Video...
Фудбал
6. April 2020 - 13:24

И Швеѓаните „потклекнаа“ пред Ковид-19, го одложија почетокот на фудбалскиот шампионат

 
Иако без посебни рестриктивни мерки Швеѓаните сеуште и пркосат на пандемијата на Корона вирусот, сепак полека и тие потклекнуваат пред фактите од опасноста која ги демнее. 
 
Слободно движе, социјално дружење, но содветна дистанца, отворени училишта и ресторани, без посебни ограничувања и натаму, барем досега, се  секојдневие во Шведска. 
 
Но. Популарните „Викинзи“ не се семоќни, па затоа по зголемувањето на бројот на позитивни случаи, но и се поголемиот број на починати од последниците на ковид-19 вирусот, Швеѓаните решија да го одложат почетокот на новата првенствена фудбалска сезона. 
 
Иако новата сезона требаше да започне изминатиот викенд сепак тоа не се случи. Напротив. Кризата со Корона вирусот ги принуди и „либералните“ Швеѓани за двомесечно одложување, па стартот на сезоната „оптимистички“ го најавија за почетокот на јуни месец. 
 
Така, единствени кои во Европа сеуште му „пркосат“ на Ковид-19 и каде се игра фудбал се Белорусите.