И таткото на министерот Бочварски отвори фирма за струја
Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk.
Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.
Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија.
Според faktor.mk, досега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.
Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.
Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Ново на Сител
-
Меси е третиот играч во историјата кој постигнал над 100 голови за националниот тим
-
САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје
-
Верешчук ги повикa Русите да не посвојуваат деца „украдени“ од Украина
-
Зеленски го покани Си Џинпинг да ја посети Украина
-
Никотин или кофеин, што носи поголем ризик?
-
Штетни последици од поместувањето на часовникот
-
Загреб: Киоск стар над 100 години ќе биде пренаменет во галерија
-
Бајден загрижен за можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија