Македонија
16. May 2020 - 16:28

И во вонредна состојба продолжува дивото градење во Охрид

Бројот на дивоградби и узурпации долж охридското езеро се зголемува

Доколку Владата не ги преземе надлежностите во Охридскит регион кој е на листата светско наследство на УНЕСКО,  за  да се справи со дивоградбите по барањето  од Антикорупциската комисија тоа ќе значи дека всушност никој не се грижи за јавниот интерес  велат  од граѓанската иницијатива Охрид СОС.Тие години наназад алармираа дека долж охридско струшкото крајбрежје секојдневно никнуваат нелегални градби .

Екологистите обвинуваат за децениско толерирање на дивоградбите па дури и во услови на вонредна состојба, велат  се гради и узрупира брегот на охридското езеро.

Инаку до  крајот на месецов ќе се знае извештајот од инспектори на Унеско кои извршија мониторинг  во делот на исполнувањето на препораките  а јунската сесија на која требаше да се одлучува за статусот на Охрид ското подрачје е одложена поради состојбата со корона вирусот.