И за вработените во образованието ќе важи антиковид-мерката препорачана за јавниот сектор

За вработените во образованието ќе важи истата мерка што е предложена од Комисијата за заразни болести за јавниот сектор – да бидат вакцинирани најмалку со една доза, да имаат негативен ПЦР-тест, потврда за прележан ковид или потврда дека не смеат да примат вакцина, рече ДушанТомшиќ, советник во Министерството за образование и наука.
Во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Томшиќ рече дека никој не се присилува на вакцинација со препораките на Комисијата за кои треба да одлучи Владата. Како што и вчера соопшти министерката Мила Царовска, тој посочи дека околу 75 отсто од наставниците се вакцинирани.
-Дел од другите го прележале вирусот, а за преостанатите препораката е да се вакцинираат во интерес на и на нивното и на здравјето на учениците. Единствен начин да се заштитиме од вирусот е вакцинацијата, тоа го вели науката и ние не можеме да одиме спротивно, рече Томшиќ и додаде дека вакцинирањето во европските земји веќе се вклучува и во рамките на законите за заштита при работа.
Во однос на предлогот на Прогресивниот образовен синдикат на ССМ секој наставник да избере како ќе ја организира наставата, советникот во МОН истакна дека се потребни системски решенија зашто во системот на образование има околу 40 000 наставници и доколку секој одлучува самостојно како ќе ја организира наставата, рече тој, ќе биде тешко за координација и за следење на процесот на образованието на учениците.
-Сите овие барања потребно е да се достават до здравствените власти и Комисијата за заразни болести и врз основа на аргументирани тврдења од експертите да се носат ваквите одлуки, рече Томшиќ.
Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера рече дека состојбата со КОВИД-19 во училиштата е стабилна, тие се безбедни за учениците и дека во нивни најдобар интерес е да останат отворени.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
