Македонија
12. November 2017 - 20:32

Ибрахими им честита победа на Ганиу и на СДСМ во Чаир

 

Кандидатот на Движењето БЕСА за градоначалник на општина Чаир Зекирија Ибрахими, на прес-конференција од партиското седиште пред завршување на пребројувањето од гласањето на ИМ 2901 во Чаир, му честиташе победа на својот противник Висар Ганиу и ја нарече „победа на СДСМ“.

- Сакам да му ја честитам победата во Чаир на СДСМ. Ова е украдена победа и ако тие ја признаваат како таква ние им ја честитаме. Им благодарам на граѓаните кои излегоа на гласање и покрај многу притисоци и изнудувања, рече Ибрахими по завршувањето на гласањето на ИМ 2901 во општина Чаир каде се прегласуваше вториот круг од Локалните избори 2017.