Спорт плус
19. July 2015 - 17:07

Иџе победи и во Словачка!

Европскиот првак на ридско-планински патеки, Игор Стефановски – Иџе победи и на денешната трка во Словачка и тоа со време од 200 стотинки подобро од времето на домашниот возач Властимил Мајерчак кој одлично ја извози втората трка откако Стефановски доминираше во првата. 
На македонскиот интернационалец ова му е 6. Победа сезонава на вкупно 8 трки со што и натаму е лидер во генералниот пласман со 165 поени. 
До крајот на првенството има уште 4 трки а следната е на ред во Германија.