Интернет
26. October 2016 - 20:46

Играта која заработуваше 10 милиони долари на ден: Каде е PokemonGo денес?

Беше тоа веројатно напопуларната игра за мобилните телефони во историјата.

Се чинеше дека целеиот свет брка Покемони, што дури некои и плаќаа со живот. Меѓутоа, на списокот најпродавани апликации, по одличниот јули месец, популарноста драстично опадна, а компанијата произведувач на ВР игри „Niantic“, која ја разви играта, не прави ништо за да ја спаси.

Играта на крајот на јули, во времето на најголемо „Покемон лудило“ заработуваше 10 милиони долари дневно, а во тој профит дури не влегувале други игри, туку тоа се биле нови играчи на пазарот. Почетокот на август имале повеќе од 100 милиони инсталации на мобилните телефони. На својот инвеститор, јапонскиот „Нинтендо“ му додадоа 7,5 милијарди долари пазарна вредност за само еден ден.

Играта која ветуваше неверојатно многу и ги изнесе луѓето надвор на улица како би истражувале, денес повеќе не е интересна, а причините ги сумираше корисникот на сајтот Редит:

1. Изгубија многу играчи. Незнам колку, но не би се изненадил ако тој број изнесува 90%.

2. По првите месец -два, повеќето играчи фатија се што е потребно и повеќе не беа толку заинтересирани за лов.

3. Бесплатните мамки ги снема, па и „хотспотовите“ умреа.

4. Без апликација за трагање на трета компанија, слаба мотивација за истражување.

Премногу лесно придобивање мамци.

Недостатокот на мамци е само еден проблем. На почетокот на играта е лесно да ги придобиете. Благодарејќи на нив локациите во вистинскиот свет кои се одредени за „покестопс“ се претвараат во популарни дестинации кои привлекуваат Покемони, па гејмерите со самото тоа лесно ги фаќаат. Меѓутоа, како напредувате низ нивоата, наградата во вид на мамец е се поретка, а кога помалку луѓе имаат мамец, тогаш тоа го пореметува социјалниот аспект на играта. Малку луѓе се здружуваат на популарните места за заедно да фаќаат Покемони, што беше еден од најдобрите аспекти на играта кога беше лансирана.

Уште поголем проблем се однесува на бројните апликации за барање на трети компании. Во јули во централната карактерисика на играта беше способност да пратите и најдете Покемон. Покрај секој Покемон во близина стоеа одреден број на чекори, кои одговараа со оддалеченоста на Покемонот од вашата локација. Беше тоа како играта „топло - ладно“. Меѓутоа, кога карактеристиката им засмета на „Niantic“, компанија ја изгаси.

Бројни апликации за барање на други производители исчезнаа, а тие нудеа корисни мапи кои овозможуваа да се види каде се крие Покемонот.

„Niantic“ потроши многу време и ресурси dа ги изгаси, на големо незадоволство на фановите и творците на тие апликации.