ИЈЗ: Eпидемија на мали сипаници во Дебарско
Епидемија на мали сипаници има на подрачјето на ПЕ Дебар, каде се регистрирани 17 случаи, објави на својата веб страница Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Сите заболени во епидемијата се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена која е жител на Охрид, но секојдневно патува во Дебар каде што работи.
Во однос на возраста, 11 од заболените се над 30 години, три лица се на возраст од 20-29 години, и по едно лице припаѓа на возрасните групи: од 15-19 години, од 1-4 години и под една година.
Деветмина од заболени лица се од машки пол, а осум од женски пол. Од вкупниот број случаи, 10 се Роми, четворица се Албанци, двајца Турци и еден заболен е од македонска националност.
Од заболените за 10 лица има лабораториска потврда, седум се со утврдена епидемиолошка врска, а за четири лица сé уште се чекаат конечните лабораториски анализи.
Најголем број од заболените лица во епидемијата (9) се вакцинирани со една доза, три лица се вакцинирани со две дози, четири се невакцинирани, а едно лице е со непознат вакцинален статус.
Од ИЈЗ информираат дека поделен е информативно-едукативен материјал на здравствените работници во примарната здравствена заштита (матични лекари, педијатри), во детските градинки, остварени се настапи во локалните медиуми со цел информација на населението и едукација за мерките на заштита од заболување.
На веб-страната ИЈЗ објави едукативен материјал со цел луѓето кои патуваат на дестинации, каде има епидемии од мали сипаници (летни одмори) да бидат свесни за ризиците, доколку нивните деца или тие не се вакцинирани против мали сипаници.
Од почетокот на годината досега во Република Македонија се регистрирани 28 случаи на мали сипаници, од кои 20 се класифицирани како потврдени случаи на мали сипаници (лабораториски конфирмирани), седум се класифицирани како веројатни случаи (со епидемиолошка врска) и еден е можен случај, кој исполнува само клинички критериуми.
Ново на Сител
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница