Македонија
13. January 2020 - 13:33

Илија Димовски: СДСМ и денес работи со политички нарачки

Методологијата и матрицата на СДСМ се исти како и во времето на комунистичкиот резим кога со политички нарачки се обидуваат да ги елиминираат неистомислениците, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повтори дека партијата ќе се спротивстави на поништувањата на лустрацијата имајќи ги предвид последиците од комунистичкиот резим, потсетувајќи на маскарот на 53 убиени велешани на 15 јануари 1945.

Димовски вели дека Македонија направила најмека лустрација во југоисточна Европа.

Катерина Нешкова