Loading Video...
Спорт плус
29. July 2020 - 14:41

„Илинденскиот куп“ ќе се плива на охридското пристаниште

По повеќемесечниот прекин на сите спортски активности, предизвикан од Корона вирусот, пливачите ќе бидат првите македонски спортисти кои ќе имаат официјално натпреварување. 
 
Традиционално на 2 август на големиот македонски празник во Охрид се одржува малиот пливачки маратон или „Илинденскиот куп“. 
 
Под посебно изготвени протоколи околу 50-тина пливачи во машка и женска конкуренција, се очекува да бидат дел од 41-то издание на Илинденски мал пливачки маратон
 
Но, овојпат традицијата ќе биде видоизменета. Наместо стартот на 2,5 километарската трка да биде кај хотел Парк, организаторите решија трката да се плива кружно на самиот кеј. 
 
„Илинденскиот куп“ ќе биде првата од шесте трки во календарот на Пливачката федерација,  во седмото издание на Купот во далечинско пливање во нашата земја. 
 
За прв пак ќе се одржи трка и на акумулацијата во Крушево и тоа веќе на 9 август по што ќе следуваат  уште една трка во Охрид (16.08. - Градска плажа), па на Мавровско Езеро (29.08), па на Тиквешко езеро на почетокот на септември (05.09) додека последната е предвидена на Велешко езеро (хотел Романтик) за 
12 септември