Кошарка
11. August 2021 - 19:20

Има или нема Ковид-19 во редовите на кошаркарската У-16 рапрезентацијата !?

Има или нема, и колку е присутен Корона вирусот, во редовите на кадетската кошаркарска рапрезентацијат на Македонија !?

 
Сигурно николу не му е јасно во овие моменти, а најмалку останува јасно по соопштението што беше лиферувано од федерацијата во кое беа нападнати новинарите иако координаторот за младинските категории во телефонски разговор дури и демантираше дека деновиве се правени тестирања врз младите кошаркари. 
 
Откако Спортмедиа ја информираше јавноста дека во нашата млада репрезентација има ковид позитивни и дека само поради аматеризмот на КФСМ може да дојде, ако веќе не дошло до, корона – хаос, пред неколку минути раководството на кошаркарската федерација излезе со соопштение.
 
Македонската кошаркарска федерација сака да стави крај на шпекулациите, поврзани со ситуацијата во која се најде нашата селекција „Под 16“ години, а e поврзанa со претходно договореното гостување во соседна Србија и одигрувањето на еден контролен натпревар.
За да биде јавноста, онаа вистинската, спортската, а не и оние медиуми пред се, портали, кои, за жал и сега, а и претходно, постојано ја искривуваат вистината, сакаме да потенцираме некои работи.
Нашата селекција „Под 16“ години замина за Ниш каде требаше да одигра еден пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија.
Независно од тaа планирана активност, а согласно со строгиот Ковид протокол кој се применува при реализација на планираните активности на ФИБА, федерацијата беше известена дека на денот на поаѓањето за Србија, сите наши кошаркари, стручен тим, но и луѓето кои се вклучени во организацијата на ФИБА „Челенџерот“ за кошаркари „Под 16“ години, треба, како и секогаш, да бидат тестирани, како заштита од коронавирусот.
Тој момент, се совпадна со заминувањето на нашиот кадетски тим за Ниш каде ден подоцна требаше да се одигра контролниот натпревар кој беше закажан многу порано.
Оттука не гледаме никакви „допирни точки“ со она што подоцна се случуваше, односно „рекла-казала“ пишувањето на дел од средствата за јавно информирање.
Нашата федерација, како организатор на настанот, секако, е во постојана комуникација со Светската кошаркарска организација. И дефинитивно ништо не е оставено на случајноста, напротив...
Постојано, буквално на секој час, ја следиме состојбата со младите кошаркари, кои за жал, е потврдено во себе го носат вирусот, и покрај тоа што, најголем дел од нив, кои се дел од екипата, веќе го имаа прележано вирусот.
Но некои, многу веројатно, модификации на заразата, придонесоа за еден проблем, кој ние, како сериозно раководство, сакаме да го решиме онака како што треба да биде.
Откако ќе ги имаме сите релевантни информации добиени во  понатамошните контакти, како со Комисијата за заразни болести, така и со ФИБА, и завршувањето на особено важниот претквалификациски турнир, онака, како што треба, со чиста вистина, јавноста ќе биде информирана за тоа.  
Но мора да се потенцира, дека ама баш во ниту во еден момент, не очекувавме да се соочиме со некои сензационалистички натписи од страна на медиуми, кои се наоѓаат себеси во една таква поставеност – како профитери!
Жално е што постојат и такви новинари кои од и кои ги користат овие моменти, кога целата федерација е ставена во максимално мобилна положба, да уништуваат се што е добро, и да бараат „причини“ за нешто што асполутно нема никаква потреба за дополнителни коментари.
Треба да се засрамат што еден ваков момент го користат за само ним познати цели!  
 
Родителите тврда- децата се позитивни, координаторот на младински слелекции при КФСМ вели - тестирања допрва треба да има !?
 
Сепак. Симптоматично е што во телефонски разговор што го водевме со координаторот на младинските селекции први КФСМ, тој ни одговори дека тестови деновиве не се спроведени тестирања на Ковид-19 и дека тоа ќе биде направено утре или задутре (четврток-петок), па дури потоа во договор со ФИБА ќе се решава за статусот на нашите кадети на овој непофицијален шампионат. 
 
По сево ова останува отворено прашањето.
 
Знае ли некој дали се тестирани или не, ако се колку има позитивни млади кошаркари во ртедовите на кадетската репрезентација!?