Македонија
29. October 2020 - 16:37

Има ли договор со Бугарија за признавање „бугарски корени“? Власта тврди дека нема

Бугарија да го признае македонскиот јазик и идентитет, а Македонија за возврат да признае бугарски темели за нив. Ваков договор најавува “Политико” за македонско – бугарските разговори во контекст на нашите евроинтеграции. Порталот, повикувајќи се на искусен дипломат, наведува дека во средата за време на состанокот на амбасадорите на ЕУ е постигнат бугарски компромис кој ќе овозможи на Македонија почеток на преговорите со Европската унија. 

„Што има во договорот: Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици на земјата и ќе признае македонски идентитет. За возврат, Северна Македонија треба да ја признае „историската вистина“, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“, пишува Политко.

Без да наведе содржина од копромисот за постигнат договор објави и поранешниот шведски премиер и познавач на состојбите на Блаканот Карл Билт.

„Добри вести дека европските дипломати ги одблокираат преговорите со Македонија. Како и секогаш во регионот, прво имаше историски прашања што требаше да се решат, овој пат со Бугарија“, напиша Билт на Фејсбук.

Македонскиот државен врв вели договор нема, ниту пак, ваква понуда за бугарски темели на македонскиот идентите и јазик е неприфатлива.

Премиерот вели дека верува во договорот со Бугарија и на разговорите што се водат во работните групи и Комисијата.

И шефот на државата вели дека не се прифатливи преговори за идентитетот.

Поранешниот премиер Бучковски пак, за бугарски медиум вели дека не се прифатливи уставни измени врз основа на некаков нов македонско-бугарски договор.

Вчера пак, бугарскиот амбасадор изјави дека официјална Софија нема намера да отстапи од своите позиции. Бугарската шефица на дипломатијата пак, најави дека вака како што сега е преговарачката рамка за Македонија не е прифатлива, како и дека Бугарија не го оспорува правото на самопредулување и јазик, но дека Македонија, како што Софија ја прифаќа реалноста, треба да го прифати минатото.