Живот
4. October 2018 - 12:12

Имал 200 килограми, сопругата го оставила бидејќи не можел да има секс - погледнете го како изгледа денес

38-годишниот Стивен Ринго, софтверски инженер, ја започнал својата битка против вишокот килограми, бидејќи истите му го уништиле бракот. Имено, тој едноставно бил преголем за да има секс. Дури и облекувањето на чорапи за него било предизвик, а не па сексот во спалната соба.

Кога неговиот брак нагло завршил кон крајот на јануари 2016. година, решил да си признае на себе во каква состојба е неговото здравје, а потоа започнал со трансформацијата. Така, за две години ослабел неверојатни 100 килограми.

-Реално е да се каже дека мојата тежина го уништи мојот брак. Тоа беше пресуден фактор, мојот однос со сопругата се влоши кога се здебелив. Станав депресивен, интимата меѓу нас опадна, а моите килограми го “закопаа” нашиот сексуален живот, ја започнал својата приказна Стивен од Тенеси.

Реалноста “се урнала над него” во текот на празниците во 2012. година, кои ги минал со сега веќе поранешната сопруга во Њујорк.

-Кога сте во Њујорк, осудени сте на многу одење. Морав да одмарам на секои половина час. Се чувствувал како подвижен неуспех, рекол тој, додавајќи дека живеел на брза храна, и дека речиси секојдневно ручал и вечерал во “McDonalds”, а еден негов оброк се состоел од два големи хамбургери, два големи помфрита, два газирани пијалоци и 20 пилешки стапчиња.

Во октомври 2016. година Стивен решил да тргне во теретана, што за него било одвратно искуство – дури тогаш сфатил до каде дошло неговото прејадување. Сепак, не се откажал – вежбал секој ден, а вовел и своевиден пост во текот на денот. Всушност, јадел само во период од 5 попладне до 9 навечер.

-Мојата исхрана вклучуваше една јаболка, а потоа и мисирка и боранија. После тоа, јадев две шолји пуканки и сладолед со нискокалорични млечни масти, открил овој Американец, а наводно и денес се храни на тој начин.

Компјутерскиот експерт истакнал дека има повеќе самодоверба, но дека и натаму не е подготвен да излегува со нови жени.

Исто така, тој има и сопствен ЈуТјуб канал на кој редовно зборува за својата неверојатна трансформација, и им дели совети за сите кои го сакаат истото.

-Загубата на килограмите ми го промени животот. Денес имам голем вишок на кожа која би сакал да ја отстранам, но со оглед на тоа дека таквата операција чини многу пари, тоа моментално не ми е приоритет. Секако денес многу подобро се чувствувам во својата кожа, и мислам дека тоа прави голема разлика, вели Ринго.