Фудбал
9. July 2020 - 12:11

Инцидент на дуелот Хетафе-Валенсија

Натпреварот помеѓу Хетафе и Виљареал одигран во рамките на 35 коло во Примера кој заврши со победа на гостите 1:3 имал и свое трето полувреме.
 
По завршувањето на натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“ стадионот дошло до тепачка помеѓу фудбалерите на двата тима.
 
Во главната улога бил голманот на Виљареал Мариано Барбоса. Тој од зад грб го удрил Нијом од Хетафе. Барбоса иако натпреварот бил завршен добил црвен картон.
 
Инцидентот продолжил поради што црвени картони добиле Алан Ромеро, Висенте Ибора, Даниел Суарез и Чабиер Ечеита. Поголем инцидент спречила полицијата.
 
Овие играчи нема да играат во наредната рунда, а веројатно ќе добијат и уште по некој меч суспензија.