-->
-->
Индискиот сој се шири и во земјата - Заразените се невакцинирани
-->
Велешанец е четвртиот потврдeн случај на Делта сојот во земјата. Уште за четворица пациенти хоспитализирани во приватна болница се чекаат резултати дали ја имаат индиската мутација, потврди министерот за здравство.
Филипче вели дека овие лица се невакцинирани, а во текот на денот ќе соопштат дали биле во странство и со кого имале контакти. Само еден од овие лица е со потешка клиничка слика.
Од претходните случаи во државата, двајца се македонски граѓани кои се вратија од Ирак и еден странски државјанин кој веднаш бил ставен во карантин. Филипче најави дека будно ја следат состојбата и за тоа ќе расправаат и на Комисија за заразни болести на која исто така ќе дискутираат и за мерки на границите.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните