Свет
23. July 2017 - 11:57

Индонезискиот претседател со драконски мерки против дилерите на дрога

Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо и нареди на полицијата да пука врз криумчарите на дрога доколку се спротиставуваат на апсењето.

- Бидете цврсти. Посебно кон странските дилери на дрога кои влегуваат во земјата. Доколку пружат и најмал отпор, едноставно убијте ги, истакна Видодо. 

Тоа е најнов обид на индонезиските власти во борба против дрогата.

Индонезиската Национална агенција за борба против наркотиците регистрира шест милиони корисници на дрога во архипелагот во кој живеат 225 милиони луѓе.