Бизнис
9. August 2022 - 16:35

Инфлацијата го јаде животниот стандард, колку чини потрошувачката кошница?

Ниту една минимална и една просечна плата не можат да ги покријат минималните трошоци за живот во месец јули. Синдикалната минимална кошничка за овој месец изнесува нешто повеќе од 47.000 денари, што споредбено со минатиот месец трошоците се пораснати за 7. 330 денари.

Од Сојузот на Синдикати велат дека ситуацијата е алармантна, а со минималната синдикална кошничка само се преживува.

Во месец јули според пресметките на синдикатот најмногу пари одат за храана и пијалоци односно дури 17.842 денари, додека граѓаните најмалку имаат да одвојат за одржување на здравјето, односно само околу 800 денари.

Според ССМ доколку Владата го одобреше нивното барање да се зголемат платите на сите за 2.806 денари, ќе се ублажеше веќе и онака тешката економска состојба, а веќе подготвуваат и тужба кон државата.

И додека пресметките на надлежните дека инфлацијата во земјава е околу 16%, пресметките на ССМ се дека истата изнесува над 20%. Според статистиките храната од лани е поскапа за 24,3%, а поскапувања од над 20% се бележат и кај електричната енергија и транспортот.