Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
Каматите паѓаат, инфалцијата забавува, не чека посветла иднина. Од Шпаркасе банка велат дека иако се уште има макроекономски предизвици, економските услови се подобруваат, пред се поради ефектите од монетарната политика. Фактори кои можат да го поттикнат растот се и најавените инвестиции во индустрјата и инфраструктурата, велат од банката.
- Што дава надеж за раст и развој во наредниот период. Од друга страна, очекувањата за почеток на трендот на намалување на каматните стапки во втората половина од годината на глобалните пазари се реализираа. Се разбира се реализираа и очекувањата за последователни ефекти со извесно задоцнување и на локалниот пазар. Намалувањето на каматните стапки очекувано би довело и до забрзување на инвестицискиот циклус и зголемена кредитна побарувачка. Иако, кредитната активност кај нас и во изминатите години беше на завидно ниво. Во целост, иако се идентификувани значителни ризици, постои оптимизам дека зголемената инвестиција и контролата на инфлацијата можат да создадат поволни услови за економски напредок, изјави Нина недансока, член на УО на Шпакркасе банка
Најновите прогнози за македонската економија укажуваат на постепено заздравување. Инфлацијата се стабилизира, но најавата за зголемување на платите, може повторно да ја вивне , вели вицегувернерката Митреска.
И покрај шоковите и предизвиците корпоративниот сектор бил во позиција да ги подобри своите резултати. Тоа значи дека профитот во последните неколку години се зголемува и се додава на стапката на инфлација. Во зависност од тоа како ќе се однесува корпоративниот сектор во наредниот период овие маржи може да укажуваат дека фирмите ќе ги зголемуваат цените за работна сила и платите ќе се прелеат на инфлацијата, рече Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка
Економјата во еврозоната заздравува, но не со посакувано темпо, оценуваат од Ерсте Груп. За разлика од Европа, во САД изборот на Трамп може да ја вивне инфлацијата, поради најавата за воведување повисоки царини, односно 10% за целиот увоз и 60% за производите од Кина. Иако доларот ќе зајакне, зголемувањето на буџетскиот дефицит, може да ја зголеми несигурноста и воздржаноста кај инвеститорите
Инаку, на традиционалниот настан- Ерсте Инвестициски појадок, кој се одржува по 11-ти пат, домашни и странски експерти разменуваа искуства и идеи за клучните економски прашња и иднината на локалниот и глобалниот пазар.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар