Македонија
19. October 2019 - 16:47

Инспектори во основното училиште во Гостивар кое ги вклучи учениците во политички цели

Гостиварчани со поделени мислења за настанот на кој основци во придружба на наставници упатуваа војнички поздрав под турско знаме. Едни најостро го осудија овој чин, за други пак, ова е секојдневие, трети се без коментар.

Освен обезбедувањето, во училиштето немаше никој од вработените за,да ни одговори зошто организирале вакви активности и дали очекувале последици.

Настанот го осуди и Министерството за образование и наука.

Скандалозниот настан ќе биде под лупа на Државниот просветен ннспекторат.

Од општината велат дека директорот добил усна, но и писмена опомена од министерот за образование и наука.

Градоначалникот на  Гостивар, Таравари, најстрого ги осуди ваквите акти, децата да се користат за политички цели

По фотографијата која се појави на социјалните мрежи, чинот го осудија и од Хелсиншни комитет.