Македонија
7. February 2020 - 17:52

Институциите не постапуваат по барањата на Антикорупциска

Поради неажурност на државните институции антикорупциска затвара предмети во кои е констатирана корупција и судир на интереси.

Наместо постапка за одговорност за поранешниот претседател на Советот на јавни обвнители Коле Штериев кој спротивно на законот не се изземал од седницата на која неговата внука беше избрана за обвинителка, антикорупционерите од  Советот добиле одговор дека според нив нема простор за одговорност.

Антикорупциска минатата година покрена иницијатива за кривична пријава за непотизам против прилепскиот градоначалник Илија Јовановски кој во својата опшптина ја вработил внуката. Предметот денеска е затворен бидејќи според Јавното обвинителство во Прилеп кривичната пријава е неоснована.

Според првиот човек на комисијата вакавите случаи на непостапување на институциите се загрижувачки и се почести. Ивановска на почетокот на денешната седница со жалење констатираше дека работата на антикорупционерите во иднина ќе биде уште потешка, бидејќи Собранието не најде време да ја изгласа 5годишната стратегија за работа комисијата.