Македонија
17. January 2022 - 21:27

Интервју на бугарскиот премиер Кирил Петков за Сител - нема реципроцитет за Македонците во Бугарија

Бугарскиот премиер Петков, еден ден пред посетата на Скопје, очекува конструктивен дијалог со својот македонски колега Ковачевски. Во интервјуто за Сител, тој вели дека суштинската позиција на Софија кон Македонија останува непроменета, но се надева дека неговата идеја за меѓусекторска соработка ќе донесе нов квалитет во односите меѓу двете земји. Бизнис и инфраструктурното поврзување се приоритети  кои ќе бидат тема и на утрешните средби мегу двете делегации.

Петков уверува дека Бугарија никогаш не го оспорувала македонскиот идентитет, напротив, од самиот почеток ја поддржувала македонската независност. Но проблем мегу двете земји си остануваат отворените прашања , како што се правата на Бугарите во Македонија, притоа Петков не гледа потреба од реципроцитет.

Бугарскиот премиер инсистира да се динамизира работата на историската комисија, која заедно со другите меѓусекторски комиисии треба да ја продлабочи меѓудржавната соработка. Тој очекува средби секој месец, а она што е договорено и ќе се догвори да се одрази во реалноста.

Спорот меѓу двете земји според Петков треба да се реши билатерално, без надворешен притисок и без помош од трета страна.