Свет
24. July 2016 - 12:34

Иран го осуди крвавиот напад во Кабул и повика на единство меѓу шиитите и сунитите

Иран го осуди вчерашниот напад во Кабул, во кој загинаа 80 учесници на мирниот протест на шиитското хазарско малцинство и повика на единство меѓу шиитите и сунитите, пренесоа француските медиуми.

„Терористичкиот напад во Авганистан е нов варварски акт на Даеш (арапскиот назив за Исламска држава). Шиитите и сунитите треба да се обединат за да ги победат екстремистите“, на Твитер напиша иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахран Гасеми, од своја страна изјави дека „без соработката на сите земји (...) невозможно е да се искоренат тероризмот и екстремизмот“.