Свет
11. October 2015 - 10:17

Иран тестираше ракета со голем дострел од домашно производство

Иран успешно тестираше нова ракета со голем дострел од домашно производство, прва која може да биде наведувана се до целта.

- Ова е прва иранска ракета со голем дострел која може да биде наведувана и контролирана се додека не ја погоди целта. Ракетата е разработена и произведена во Иран, изјави иранскиот министер за одбрана Хосеим Дехгхан, без да наведи каде е извршено тестирањето.

Лансирањето на ракетата „Имад“ уследи неколку месеци откако ирански претставници изразија загриженост дека договорот со светските сили за спорната нуклеарна програма ја лимитира иранската ракетна програма.

Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации усвоена пред неколку денови предвидува забрана Иран да развива ракети кои би имале нуклеарни боеви глави.

- Ние не бараме дозвола од кого било за зајакнување на нашата одбрана и ракетните способности, посочи Дехгхан.