Македонија
25. August 2018 - 11:33

Исчезнаа две лица од Скопје

Во Полициската станица Чаир, 36-годишниот Б.Т. од Скопје, вчера околу 11 часот пријавил дека претходниот ден околу 23 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17-годишна ќерка.

Во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Битпазар, И.Р.(62) од Скопје пријавил дека на 22 август околу 11:30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Е.Р.(30) кој бил со патничко моторно возило „Форд Фиеста“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.