Македонија
17. October 2020 - 16:51

Исполнети 90 проценти од капацитетот на болниците во Охрид и Струга

Болниците  во Охрид и Струга се 90 проценти исполнети, а монтажните никаде ги нема. И покрај најавите за изградба на модуларни болници кои ќе послужат за појачување на капацитетите за есенскиот бран од сето тоа сеуште ништо. 

И додека двата туристички центри ги чекаат монтажните болници бројот на заболени од Ковид-19 забрзано расте. Само во периодот од 10-ти до 16-ти октомври во Охрид регистрирани се 42 додека во Струга 27 лица.

Од локалната пак велат дека според договорот кој го склучиле со Министерството за здравство се прават подготовките за уредување на просторот со што болницата ќе добие тријажен центар  за лекување на болни од Ковид-19. 

Од болниците од охридско струшкиот регион тврдат дека располагаат со доволно доктори и медицински персонал, дел од кадарот кој моментлно работи со заболените ќе биде распределен и во модуларните болници.