Исповед на таткото на Тијана: Убијците на деца во затвор живеат поубаво од нас
-После смртта на Тијана сакав тоа да биде последен таков случај, а убиството на тригодишното дете од Заечар, потполно ме порази, шокиран сум од направеното ѕверство и ова е уште една потврда дека монструмите се меѓу нас, живеат со нас, ни доаѓаат дома, играат со нашите деца. Ова што се случи е пораз на целото општество, а како татко на настраданото дете, дополнително сум погоден, коментира за српски Курир, Игор Јуриќ, татко на брутално убиената Тијана.
Според него, после убиството на неговата ќерка не можел да замисли дека може да се случи погнасно злосторство на недолжно дете.
-Убиецот на моето дете денеска во затвор живее подобро од половина жители во нашата земја, имаат клима, сала за вежбање, ТВ и сето тоа им е платено. Така се служи казната за одземање живот на дете. Тоа не само што е болно за членовите на семејството на жртвата, туку е срамно и комн жртвите. Сочувствувам со семејството на настраданото девојче, рекол Јуриќ.
Ново на Сител
-
Детали за масакрот во Цетиње: 34-годишен маж си го уби семејството
-
Масакр во Цетиње: Mаж уби повеќе лица
-
Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица
-
Одземен пасошот на Жан Митрев
-
Алијанса за Албанците: Изборната кампања прераснува во договорна кампања
-
ЈО: Истрага за измама на пациенти во приватна клиника
-
Груби: Има пратеници кои сакаат да гласаат за уставните промени и за тоа треба да се разговара
-
Мехмедовиќ: Кичевчанецот се тестираше, резултати денес до 20 часот