Македонија
12. May 2022 - 20:32

Истепал скопјанец и му го оштетил возилото во кое биле сопругата и малолетното дете

Денеска (12.05.2022) од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје од слобода е лишен Б.Н.(39), поради постоење основи на сомнение за кривично дело "насилство" по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 10.05.2022 на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј.(34) од Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле сопругата и малолетното дете.

Во координација со Јавен обвинител на 12.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и утврден е идентитетот на сторителот, а до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка.

На Б.Н. од страна на  судија на претходна постапка при Основен кривичен суд- Скопје му е одредена мерка притвор.