Истрага за разбојништво во Куманово
– Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник од Велес со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – разбојништво.
Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 20 ноември, тој со употреба на сила од друг одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Додека оштетениот се движел сам по улица во алкохолизирана состојба, осомничениот го забележал и го нападнал, удирајќи го со тупаници во главата и телото. Од ударите оштетениот паднал на земја, па осомничениот од џебот му го одзел паричникот во кој имало парични средства во различни валути (100 долари, 150 евра и 4.000 денари), како и банкарски картички и други документи. По настанот, избегал од местото на настанот.
-Бидејќи постои основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп