Истражување: Лек за ревматоиден артритис помага на тешко болни од Ковид-19
Лекот за ревматоиден артритис Тоцилизумаб лекува сериозно заболени луѓе кои страдаат од Ковид-19, покажува истражувањето на научниците од Велика Британија и Холандија, јави Би-Би-Си.
Научници наведуваат дека ова е „апсолутно неверојатен резултат“, а лекот веќе не се ни тестира бидејќи тие се толку сигурни во неговата ефикасност. Сепак, прецизниот ефект врз преживувањето на пациентот по употребата на лекот уште се испитува.
Други експерти изјавија дека треба да се внимава се додека не се добијат целосни податоци.
Тоцилизумаб влијае на имунолошкиот систем, кој кај некои пациенти заразени со коронавирус реагира прекумерно, и таквата реакција, позната и како цитокинска бура, може да биде фатална.
Истражувањето беше насочено кон сериозно болни пациенти кои требаше да се стават на апарати за дишење.
Испитувањето на лекот беше запрено пред два дена откако независни набљудувачи рекоа дека има многу докази, од првите 303 пациенти, кои покажуваат дека лекот е ефикасен.
Сепак, толкувањето на податоците е исклучително сложено, според Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот