-->
-->
Италија: Уште осуммина починати денеска од коронавирус
-->
Уште осум лица починаа денеска од Ковид-19 во Италија, со што вкупниот број на жртви достигна 29, додека повеќе од илјада се заразени, соопштија италијанските власти.
Само во последните 24 часа, бројот на лица позитивни на вирусот е зголемен за 240 случаи. Ова значи дека досега се потврдени 1.128 случаи на вирусот Ковид-19, според директорот на Агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели.
Според него, 52 проценти од заразените се во изолација во своите домови и не се хоспитализирани. (МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија