Loading Video...
Спорт плус
25. January 2020 - 16:21

Италијанска доминација на спустот во Банско

Доминација на италијанските скијачки на спуст трката од Светскиот куп што се одржа во Банско, Бугарија. 
 
Елена Куртони стигна до првата победа во кариерата,  оставајќи ги зад себе сонародничките Марта Басино за 10, односно Федерика Бриџоне за 14 стотинки. 
 
Зад италијанското трио завршија Американките, Михела Шифрин (-35,стоинки) и Бризи Џонсон (-47). 
 
Карен Сутер која е водечка во поредокот во спуст заврши на 9-тото место, па Шифрин сега има само 16 бодови помалку од Швајцарката. 
 
Во севкупниот Генерален поредок Шифрин е лидер со 270 бодови повеќе од Бриџоне, а дури 335 повеќе од трето рангираната Петра Влахова.