Свет
3. September 2015 - 13:43

Итен состанок на француската влада поради кризата со мигрантите

Претседателот на Франција Франсоа Оланд свика итен состанок на француската влада, посветен на мигрантската криза.
 
Состанокот е закажан за 16 часот и неговото свикување доаѓа по фотгографијата која го шокираше светот на мртвото тригодишно дете на плажата во Турција. Оваа фотографија предизвика силни емоции низ целиот свет и по која, според оценките на француските медиуми, големите сили не ќе можат да останат рамнодушни на хуманитарната трагедија која се одвива во овој дел на светот.